Рекордни цени на златото и среброто


Вредноста на златото и на среброто утрово достигна највисоко ниво од 2011 односно од 2013 година.

Златото се продава за 1.860 долари за унца, додека среброто за 23 долари.

Цената на златото за испорака во август на њујоршката берза „Комекс“ се золеми за 0,77 проценти и достигна 1.858,05 долари за унца, откако претходно се искачи на 1.866,75 долари, што е највисока вредност о 9 септември 2011 година.

Додека сребрто за испорака во септември се продава за 23,185 долари,. Што е рекордна цена од 19 септември 2013 година.

Според експертите, порастот на цената на златото и среброто е поради пад на вредноста на доларот во споредба со еврото. Послабиот долар доведе до зголемување на цената на златото, кое е поефтино за инвеститорите кои тргуваат со други валути.