Река во вториот дел од кампањата потрошил 291 илјада евра, го надминал и Пендаровски

Кандидатот за претседател Блерим Река во вториот дел од претседателската кампања потрошил десет пати повеќе од првиот дел на кампањата, над 291 илјада евра. Кандидатот Пендаровски пак, од 11-ти до 19-ти април за кампањата потрошил 257 илјади евра.

Сепак, во збирот на трошоците за целата 20-дневна кампања, Пендаровски има расходи од 737 илјади евра, а кандидатот на Алијансата и БЕСА – 316 илјади.

Финансискиот извештај на Гордана Силјановска-Давкова не е пристигнат во Антикорупциската комисија, и овој пат го очекуваат по пошта.