Реисот Реџепи се ожени за 50 години помлада девојка
Медиумите на албански јазик објавија информација дека Реисот Сулејман Реџепи повторно се оженил, овојпат за 50 години помлада девојка. Според медиумите утре на неговиот профил ќе бидат објавени фотографии од новата сопруга.
Според она што се објавува, станува збор за 24-годишната Емина Јетиши од Скопје. Таа е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани.
Реџепи претходно 4 години беше „сингл“.