Реал со нов трофеј: Карвахал ги замолкна Германците, Винисиус „удри печат“

Дани Карвахал постигна гол во финалето на Лигата на шампионите за Реал Мадрид во 74. минута од натпреварот.


Фудбалерите на Реал Мадрид го бркаа својот 15-ти трофеј во Лигата на шампионите, по разочарувачкото прво полувреме, избраниците на Карло Анчелоти тргнаа многу порешително во вторите 45 минути од натпреварот.

Борусија неколку пати се закани во текот на првиот дел, беше поблиску до водечкиот гол, но играчите од Кралскиот клуб го издржаа почетниот притисок на Германците.

До 74. минута беше 0:0, Реал немаше повеќе од игра, но на сцена стапи Тони Крос, кој во својот последен клупски меч прецизно го упати ударот од корнер до Карвахал на предната статива.

Десниот бек на Мадрид навреме истрча до првата статива и со мало кревање на главата го измами голманот на Дортмунд.

Недолго потоа Белингем и Винисиус ја искористија грешката на одбраната на Дортмунд, Бразилецот беше осамен на десната страна од шеснаесетникот, прими корисна топка и мирно го совлада Кобел за недостижни 2:0 во 83. минута.