Реал нема да игра на Светското клубско првенство!
Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека мадридскиот клуб не сака да игра на претстојното светско клупско првенство, пренесуваат италијанските медиуми.
Проблемот, според изјавата на петкратниот европски првак, е финансискиот надомест.
Тој најави и дека по тој пат ќе тргнат и други екипи.
„ФИФА може да заборави на нас. Еден натпревар на Реал вреди 20 милиони евра, а ФИФА планира да го направи премиум за целиот турнир. Тоа е навистина лошо, нема да учествуваме на Светското првенство. Играчите и клубовите одбиваат да играат на ова Мундијалот нема да бидеме единствениот клуб што ќе донесе таква одлука.
Реал ја освои Лигата на шампионите откако на 1-ви јуни во Лондон во финалето на ова натпреварување ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0.
Тимот од Мадрид како европски првак автоматски се пласираше на Светското клупско првенство кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули следната година во САД. На овој турнир треба да учествуваат 32 клуба.