Реакција од Италија: Срамни и недозволиви беа условите на олимпијадата!

Претседателот на Италијанската таеквондо федерација условите за натпреварите во Скопје ги нарече „опасни по здравјето“ на спортистите и побара одговорност


Претседателот на Италијанската таеквондо федерација, Анџело Чито, изрази сериозна загриженост и разочараност, нарекувајќи ги условите во кои се одржа настанот „срамни и недозволиви за едно европско спортско натпреварување“.

„Младите ги заслужуваат сите пофалби за покажаната пожртвуваност, но ова што го доживеавме е апсолутно недозволиво. Настапуваа во услови кои не само што не беа достојни за спортисти, туку беа и опасни по нивното здравје. Распаѓање на објекти, хигиенски услови на раб на прифатливото, постојани прекини на натпреварите… И сето тоа при температури блиски до 50 степени, без можност за вентилација поради снемување на струја“, рече Чито.

Тој кажа и дека е незамисливо во современо време да се дозволи ваква негрижа и неорганизираност.

„Не можам да сфатам како ваков срам може да помине без последици. Организаторите имаа задача да овозможат основни услови за спорт, а не да ги изложуваат младите на ризик. Ова е понижување за спортот“, заврши италијанскиот функционер.

Тој упати порака до надлежните од Европскиот олимписки комитет.

„Очекуваме вакви ситуации никогаш повеќе да не се повторат. Некој мора да преземе одговорност и да гарантира дека на идни настани нема да се соочиме со ваков срам“, рече Чито, додавајќи дека во целата негова кариера, никогаш не видел нешто слично и дека натпреварите се одржувале во објект кој датира од 1930-тите, иако власта кај нас постојано се рекламира со градење спортски сали кои изгледа завршиле како ресторани, па реквизите се собирале од домашние теретани.а 50 степени Целзиусови, ужасни тоалети, прекини на елек…ричната енергија, натпревари прекинати и рестартирани по шест часа“, известува тој.

Иако организаторите денес се обидуваа да се „исперат“ од одговорноста, наоѓајќи изговори за сите ситуации, Чио потврди дека имало три случаи на спортисти кои се онесвестиле.

„ Се достигна апсурдно ниво; во кој било друг контекст, дури и би го повлекол тимот. Тоа беше непочитувачки израз на непочитување кон спортистите“, заклучи тој.