РЦУК Делчево: Забрана за движење кај Виречка Полјана заради гаѓање со огнено оружје


Регионалниот центар за управување со кризи од Делчево го известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека на 17 и на 20.10.2024 година (четврток и недела) во периодот од 08.00 часот ќе спроведе гаѓање со огнено оружје на привременото стрелиште на место викано Виречка полјана атар на с. Вирче.

-За да се спречат евентуални несакани последици се известува населението дека во определениот период во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе и вршење на било каква работа и испаша на домашни животни, се вели во соопштението од РЦУК Делчево.

Забраната за движење на посочената локација како што додаваат оттаму ќе важи се до завршувањето на самото гаѓање во напоменатите денови.