Разрешената директорка од градинката во Гази Баба го демантира градоначалникот


Илустрација

Откако вчера, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека ја разрешил директорката на градинката „Детска радост“, затоа што ревизијата покажала незаконско работење, денеска таа го демантира, а обвинува и дека за разрешувањето дознала од медиумите, додека таа била на боледување поради болно дете.

Нејзиниот демант ви го пренесуваме во целост:

Јас, Анета Петровска, Директор на Јавна установа за деца –детска градника “Детска радост” –Општина Гази Баба, Скопје преку полномошник Адвокат Златка Денковска Скопје согласно член 14 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда го поднесуваме следниов демант на изјава дадена од страна на Градоначалникот Бобан Стефковски на Општина Гази Баба во врска со донесена одлука за разрешување на лицето Анета Петровска. 

Бараме демантот да биде објавен целосно со сите пропратни документи  во најбрз можен рок се со цел да се спречат навредите и клеветтничките изјави од страна на Градоначалникот Бобан Стефковски на Општина Гази Баба. 

 

Имено, лицето Анета Петровска за одлуката за разрешување дознава од страна на медиумите и острите напади од страна на Градоначалникот Бобан Стефковски на Општина Гази Баба, таа моментално се наоѓа на боледување поради влошена здравстевна состојба на своето малолетно дете. 

 

Најпрво,  укажуваме дека ревисискиот извештај од  ТП Ревизија Чулева за кој сега говори Градоначалникот е од 15.03.2022 година, значи оваа ревизија беше извршена веднаш по првото разрешување на Директорката Анета Петровска, но бидејќи во постапката за разрешување кога беа повикани преставници на Министерството за труд и социјална политика  ги провераија наводите односно сите фактури за слободни јавни набаваки и утврдија дека нема пречекорување на законскиот минимум за слободна јавана набавка и дадоа негативно мислење по предлогот за разрешување, по што и самиот Градиначалник си го поништи своето решение за разрешување. 

 

ДОКАЗ: –Произнесување – давање на мислење за разрешување на Директорка на Детска Градиснка Детска Радост Анета Петровска предложено до управен одбор на градинката врз основа на конечен извештај за извршена ревизија броја 03-2/3 од 10.01.2022 година од Добри Петров  од Министерство за труд и социјална политика 

 

Овој ревизиски извештај е напаравен во време на мандатот на В. Д Директорката Маринела Бошевa и тоа во период од само 3(три) часа, па се поставува прашање како Ревизија Чулева напарви извештај за само 3(три) часа на цели 12 (дванесет) класери, односно за целкупното работење на Директор Анета Петровска за 2021 година. 

  

Нејасно е дека како Градоначалникот Бобан Стефковски сега одржува прес конференции укажувајќи дека нема да дозволи незаконско работење кога за овој извештај е веќе една година и ништо не превзема доколку релано имаше основ за разрешување. 

 

Имено сакаме да им појасниме на пошироката јавност следново дека ТП Ревизија Чулева не е надлежна за вршење на ревизија во ЈУДГ Детска Радост Скопје. Ненадлежноста на ТП Ревизија Чулева произлегува од тоа што истата може да врши ревизија само во приватни субјекти и тоа согласно член 1 од Законот за ревизија каде е уредено:

 

„ Член 1 

Со овој закон се уредуваат условите за вршење на ревизија во правните лица кои вршат дејност во Република Македонија. “

 

ПРИЛОГ: Закон за ревизија страна 1 

 

Имено, за тоа кој е надлежен за вршење на ревизија во во државни субјекти е уредено согласно член 1 од Законот за внатрешна ревизија каде е уредено:

 

„ Член 1 

(1) Со овој закон се уредува системот за внатрешна ревизија заснован согласно со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија, целите, принципите, организацијата, функционирањето и надлежностите на внатрешната ревизија на субјектите во јавниот сектор во Република Македонија. 

(2) Одредбите на овој закон се однесуваат на следниве субјекти од јавниот сектор (во натамошниот текст: субјекти): корисниците на средства од Буџетот на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот за магистрални и регионални патишта, Агенцијата за вработување на Република Македонија, општините и градот Скопје, агенциите и другите институции основани со закон, јавните претпријатија, како и правните лица во кои државата е доминантен акционер. “

 

ПРИЛОГ:Закон за внатрешна ревизија страна 1

 

Со оглед на тоа што ЈУДГ Детска Радост Скопје е државен субјект, а не приватно правно лице јасно е дека ТП Ревизија Чулева е ненадлежна за вршење на ревизија.

 

  1. II) Ненадлежноста на ТП Ревизија Чулева произлегува и од тоа што видно од Понуда за ревидирање на финансиски извештаии (самофинансирачка сметка 777010203878714) за годината што завршува на 31 декември 2021 доставена од страна на ТП Ревизија Чулева од страна број 3 (три) под точка 8 има наведено дека услугите ќе се наплатат од самофинансирачка сметка на ЈУДГ Детска Радост Скопје.

 

Појаснуваме дека согласно член 32 од Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план  за буџетските корисници  е предвидено дека:

На сметката 425 – Договорни услуги, се искажуваат расходите за изнајмување на канцелариски простор и на магацински простор, изнајмување на друг тип на простор, изнајмување на канцелариска опрема, изнајмување на моторни возила, друга опрема и опрема за специјални намени, провизија за платен промет; банкарска провизија; осигурување на вработени, осигурување за повреда и инвалидитет; осигурување на недвижности и права, осигурување на моторни возила, осигурување на воздухоплови, други финансиски услуги, правни услуги, судски вештачења, судски преведувачи, судска експертиза, судски курирски услуги, плаќања за здравствени организации од Министерството за здравство, примарна здравствена заштита, специјалистичко-консултативна заштита, болнички услуги, здравствени услуги во странство, ортопедски услуги; други здравствени услуги, ветеринарни услуги, заштита од штетници во земјоделството; уништување на штетни животни; земјоделски производни услуги; услуги за заштита на водите, реките и езерата, метеоролошки и хидрометеоролошки набљудувања; испитување на квалитетот на водите и воздухот; изработка на просторни и урбанистички планови, обука за техничка култура, услуги за развој на наставниот план и програма, инструктори на кратки курсеви, дополнителни активности, услуги за вонучилишни образовни активности; превозни услуги во образованието, други образовни услуги, преведувачи, услуги за копирање, печатење и издавање, научно истражување, рушење на објекти, плаќање за користење на приватен имот во одбраната, пренос на програмите на МРТВ преку сателит и други договорни услуги..”

ПРИЛОГ: Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план  за буџетските корисници  страна број 1 и страна број 12

Согласно напред наведеното произлегува дека не може ревизиски извештаи да се наплатуваат од самофинансирачката сметка – конто 425 – Договорни услуги, па оттука произлегува ненадлежноста и нестручноста на ТП Ревизија Чулева.

III) Нестручноста на ТП Ревизија Чулева при постапувањето произлегува и од тоа што истата ревизијата ја има направено само паушално и тенденциозно, бидејќи истата никогаш ја нема ревидирано работата на директор Анета Петровска. Ова произлегува од тоа што ТП Ревизија Чулева согасно член 15 став 2 од Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизија е уредено дека по изготвениот претходен извештај потребно е да се достави до раководителот на раководната организациона единица, во конкретниот случај Директорот Анета Петровска, која ќе има рок од 10 (десет) работни дена да се произнесе по истиот, па стои:

„ Член 15 

(1) Претходниот извештај е првата официјална верзија на ревизорскиот извештај кој се изготвува во рок од еден месец по завршувањето на ревизијата и истиот раководителот на единицата за внатрешна ревизија го доставува до раководителите на ревидираните организациони единици. Претходниот ревизорски извештај ги вклучува и резултатите од завршниот состанок. 

(2) Раководителите на ревидираните организациони единици во рок од десет работни дена од приемот на претходниот ревизорски извештај треба да достават одговор по истиот. 

(3) Одговорот на раководителите на ревидираните организациони единици по претходниот ревизорски извештај, содржи коментари за содржината на извештајот и акциски план за спроведување на препораките со конкретно дефиниран период на извршување и одговорни лица. 

(4) Коментарите треба да содржат конкретни докази со цел да го оспорат мислењето на внатрешната ревизија пред да се објави конечниот извештај. “

ДОКАЗ: Правилник за начинот на извршување на внатрешна ревизија и начинот на известување за ревизијта страна 1 и страна 8

Со оглед на тоа што претходниот извештај никогаш не е доставен до Директорот Анета Петровска за да се произнесе по истиот, јасно е дека ТП Ревизија Чулева постапува тенденциозно, на начин што само ги има препишано наводите од ревизијата извршена од страна на Добри Петров.

 

Воедно, ве известувам дека во поглед на работењето на Директор Анета Петровска во текот на 2021 година, се со цел да се утврди дали има недостатоци беше поднесено барање за вршење на ad hoc ревизија до Централната единица за хармонизација на системот на јавна внатрешна финансиска контрола од 07.02.2022 година, по што истиот изготви Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 година каде на страна број 10 (десет) во вториот пасус јасно е констатирано дека извршената ревизија е извршна со многу низок квалитет на работењето на внатрешната ревизија. 

ДОКАЗ: Претходен извештај за извршена супервизија на квалитетот на работењето на единицата за внатрешна ревизија во Општина Гази Баба од април 2022 година

Па  така на ден 10.04.2023 година во 10 и 15 часот   во градинката Детска Радост беше одржана седница на Управниот одбор на која повторно беа повикани преставници од Министерството за труд и социјална политика за да дадат мислење по предлогот за разрешување на Директорот Анета Петровска. На Управниот одбор се утврди дека повторно се дискутира за истите наводи и за работата на Директорот Анета Петровска за 2021 година која е детално разгледана и останаа на истото мислење односно не сметаа дека е оправдано разрешувањето на Директорот Анета Петровска. 

ДОКАЗ: Записник број 16 од Управен одбор на Детска Градинка “Детска Радост” Скопје 

Според сето напред наведено јасно е дека разерушувањето кое е сторено медиумски е тенденциозно и со намера да се наруши честа и угледот на Анета Петровска, наводите за кои ги објавува Градоначалникот Бобан Стефковски се истите за кои еднаш ја веќе ја  разреши па ја повлече одлуката и ја врати за директор.