Разрешен в.д директорот на „Комунална хигиена“


Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите – стои во соопштението од Град Скопје, испратено доцна вечерва. 

И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност – додаваат од Градот.

Ваквото решение Градот го донесе откако се дозна дека батот на в.д. директорот на Комунална хигиена од Алијанса за Албанците (АА), Зуди Енузи, Цуфи Кока пукал во демонстрантите кои денеска маршираа од Влада преку МНР до Собрание против францускиот предлог, кој е и уапсен.