Рататуј – француски специјалитет од зеленчук: Со ароматични зачини и маслиново масло, па се запечено во рерна


Рататујот е највкусен кога се прави претходниот ден, бидејќи со натопување на состојките откако ќе отстои некое време, станува уште повкусен.

Рататуј е француско јадење со фантастично име, познато низ целиот свет. Јадењето потекнува од Прованса и во основа е задушен зеленчук, чија основа се тиквички, модар патлиџан, пиперки, домати, сето тоа подготвено на одреден начин. Рататуј ќе ви се допадне поради совршената комбинација на зеленчук како и поради живите бои, убаво е за гледање и уште поубаво за јадење. Идеален е и за посни денови, а доколку не постите, можете да го додадете како прилог во месото.

Состојки:

2 тиквички
2 пиперки
2 домати
50 мл маслиново масло
сол, бибер
рузмарин
Ловоров лист
оригано
жалфија

За сос:

1 голем кромид
500 мл сос од домати
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
зрна бибер
2 супени лажици маслиново масло

Подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го и додадете го во доматите, заедно со неколку зрна бибер и маслиново масло. Во долниот дел од садот за печење, прво истурете го сосот, а потоа наредете го зеленчукот врз него. Ако зеленчукот е млад, не треба да го лупите, само добро измијте го и отстранете ги врвовите. Зеленчукот исечкајте го на прстени со приближно иста дебелина, па наредете го наизменично во круг. Посолете и црн пипер по вкус, а потоа рамномерно посипете ги останатите зачини врз зеленчукот и на крај сè прелијте со маслиново масло. Покријте со алуминиумска фолија, па печете во рерна на 180 C околу 30 минути, потоа извадете ја фолијата и печете уште 15 минути.