Расправата за реконструкцијата продолжи само со 12 пратеници во салата


 

Важна ли им е на пратениците реконструкцијата на Владата, или сѐ што требаше да се каже беше кажано вчера по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски?

Почетокот на днешеното продолжување на расправата за реконструкцијата беше поразителен. Во салата имаше само 12 пратеници. Од нив нешто повеќе беа од опозицијата. 

Ако толку тешки зборови се искажуваат за состојбата во државата од страна на опозицијата, или толку пофалби од мнозинството, изгледа нелогично собраниската сала да биде речиси празна на вториот ден од расправата.

Тогаш, можат ли граѓаните да им веруваат на зборовите на пратениците, на оние што влегоа во салата. Очигледно дека тешките зборови против Владата се евтина „говоранција“. Опозицијата и денес немилосрдно го напаѓа лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, нарекувајќи го наводен соучесник во криминалот.