Распарчено тело на тиктокерка пронајдено во Белград, осомничениот го призна убиството


Распарченото тело на тиктокерката Ноа Миливојев (18) од Ковиља е пронајдено распарчено во Белград, а осомничениот за нејзиното убиство е уапсен.

Нејзиното семејство го пријавило нејзиното исчезнување на 17 јуни. Пред тоа ѝ кажала на мајка си дека ќе оди да се види со своето момче и тоа им бил последен разговор.

Порталот Нова.рс неофицијално дознава дека осомничениот ја донел полицијата на местото на злосторството. Пријавено е и дека делови од нејзиното тело биле пронајдени во ќеси и канти. Споменатиот портал објави и дека осомничениот во полиција го признал делото.

„Злосторството се случило во зградата во која живее осомничениот“, рекол изворот.

Ноа сподели детали од нејзиниот живот како трансродова личност на TikTok. Поради тоа често била мета на негативни коментари.