Раскопани „Ленинова“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“


Фото: Б. Грданоски

Во центарот на Скопје две улици, кои заслужуваа реконструкција, се раскопани, а на нив интензивно се работи.

Имнео, вчера почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Митролополит Теодосиј Гологанов“, а тоа го прави Општина Центар.

Фото: Б. Грданоски

Како што информираат од Општина Центар, со реконструкцијата се предвидува да се постави нов горен и долен слој на асфалт, целосно да се замени водоводната и атмосферска канализациска мрежа, да се реконструираат старите и оштетени тротоари, да се воведе резидентен паркинг по целата должина на улицата, нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.

Од друга страна, улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ раскопана е подолго време, а работитетаму ги изведува Град Скопје. „Ленинова“ завршува во „Митрополит Теодосиј Гологанов“, па така, ценатор на Скопје наликува на едно големо градилиште.

„Гологанов“ планирано е да се реконструира пет месеци, а со раскопување се почна кон крајот на септември. Досега направена е едната страна од АМСМ кон Центар, а пред некое време градежни работи се одвиваат од другата страна.

Фото: Б. Грданоски

По таа улица од септември не сообраќаат градските автобус, па „5“-ка и „4 а“ застануваат спроти АМСМ после кружниот тек.

Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4.500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери.

Градот Скопје за реконструкција на булеварот „М.Т. Гологанов“ вложува 43 милиони денари.

Ако неговата рекострукција почна кон крајот на септември, со неа треба да се заврши кон крајот на овој месец, но според ситуацијата на терен изгледа дека тој рок ќе биде пробиен.