Рана елиминација за ланската шампионка на УС Опен
Ѝженскиот турнир на УС Опен ќе добие нов шампион, бидејќи ланската освојувачка Коко Гоф беше елиминирана во осминафиналето. Младата тенисерка со 2-1 беше поразена од сонародничката Ема Наваро.
Мечот меѓу двете Американки траеше два часа и 14 минути, Наваро отвори со освоен сет со 6-3. Тогаш Гоф успеа да се одржи во игра, го доби вториот со 6-4, за во одлучувачкиот пак да се истакне Наваро и повторно со 6-3 си обезбеди четвртфинале.
Втората носителка Арина Сабаленка одигра според планот и во два сета ја исфрли Елис Мертенс (2-0). Белорусинката релативно лесно го реши мечот во своја корист, со 6-2 и 6-4 си обезбеди место меѓу осумте најдобри.
Во осминафиналето имаше и реприза на олимпиското финале, а златната медалистка Кинвен Женг повторно ја совлада Дона Векиќ, овојпат со 2-1.