„Рамсторе Македонија“во хуманитарна акција „Волонтираме за солидарно општество“

„Рамсторе Македонија“, е дел од хуманитарната акција за собирање на прехранбени продукти и хигиенски производи за поддршка на бездомни и социјало загрозени семејства на проектот “Волонтираме за солидарно општество”под мотото Тука сме и служиме на заедницата, кој е под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Во насока на визијата и мисијата на „Рамсторе“, како компанија продолжуваме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со цел да го побудиме хуманиот дел и да го поттикнеме чувството на солидарност на хумана димензија кај сите. Веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна за нашето општество, а воедно ќе им помогне на оние на кои им е најмногу потребна.#Ramstoremarketi #ТукаСме #ЕдниЗаДруги