Рампа за клубот со име по царот Фердинанд


 

Бугарскиот цар кој ја водеше државата за време на Првата светска војна на страната на Централните сили, Фернинад, веројатно нема да добие клуб со неговото име во Македонија. Формирањето на овој клуб беше најавено уште пред отворањето на „Цар Борис Трети“, но во меѓувареме беше формирано Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности при именувањето граѓански здруженија и фондации. Тоа усвоило усвоило негативно мислење за употреба на името на бугарскиот цар Фердинанд. Неоамна беа поднесени документи за неговото официјализирање во Централниот регистер.

Од Министерството за правда за „360 степени“ официјално потврдија дека во саботата до Министерството стигнало барање за користењето на името на бугарскиот цар Фердинанд во име на здружение, по што веднаш било препратено до Советодавното тело

Станува збор за прв работен состанок на ова ад хок тело, ако се изземе конститутивната седница одржана на 5 октомври, кое беше формирано од Владата по напливот на бугарски здруженија и клубови со контроверзни имиња на историски личности и соработници на фашистичката оска за време на Втората светска војна, што предизвика бран негативни реакции во јавноста.

Доколку се регистрира, ова ќе биде трето по ред бугарско здружение во земјава што е отворено текот на оваа година.

Фердинанд, инаку роден во Виена во Куќата на Саксе-Кобург, беше избран за принц на автономната Бугарија во 1887 година. Кога во 1908 Бугарија ја прогласи де јуре независноста од Отоманската империја, принцот Фердинанд стана бугарски цар, а државата царство. Тој ја водеше Бугарија во двете балкански војни и потоа во Првата светска војна. Бугарија во негово време ја окупира Вардарска Македонија од моментот кога влезе во војната во 1915 година. По поразите во 1918 тој беше принуден да абдицира во октомври таа година во корист на неговиот син Борис Трети.

Претседателот на Советодавното тело, проф. Бобан Петровски за за Сител изјави дека тројца членови историчари имале аргументи зошто овој бугарски лик кој во колективната меморија на Македонците не е позитивен лик, не треба да биде официјализиран во земјата.

„Оваа личност стои на чело на бугарската држава во време кога се воделе неколку војни кои за Македонците значат крвопролевања и разурнувања и ценевме дека името на ваква личност ќе предизвика негативни чуств акај голем број Македонци“, вели Петровски.