Рама: Избори ќе има на 30 јуни, Уставот не е топка од партали
Албанскиот премиер Еди Рама, на изборен митинг во градот Церик, категорично изјави дека локалните избори ќе се одржат на 30 јуни,како што и се закажани според Уставот, кој, како што рече, не може да се третира како топка од партали.
– Одложување нема. Изборите ќе се одржат на 30 јуни. Не можеме да го отвориме патот на деструктивна политика. Не можеме да си дозволиме да си поигрува некој со Уставот како со топка од партали. Никој не може да го земе во заложништво демократскиот процес, тоа не се видело никаде до сега и нема да се види ни тука. Очигледно имаме свои сопствени грешки, недостатоци, имаме уште многу работи да направиме. Ние не сме најдобрите, но подобри од нас ниту имало, ниту ќе има, изјави Рама.
Додаде дека опозицијата нема да може да ја наметне логиката на чадни бомби и молотови коктели во Албанија.
-Тие дури и денес сакаат да ја вратат Албанија назад. Тие се плашат од избори и затоа викаат по улиците против избори. Наместо да се појавуваат пред народот, тие се закануваат дека нема да им дозволат да гласаат. Тие се плашат да се соочат по демократски пат. Тие немаат идеја, не знаат за логика, па сакаат да ја наметнат логиката на димни бомби и молотови коктели. За едно нешто треба да бидат сигурни: Тие се слободни, со право да одлучуваат за себе си. Ние не ги спречуваме политички да се самоубиваат, но тие не можат да одлучуваат за нас и за Албанија, порача Рама.
Тој уште со став дека опозицијата е во паничен страв од правосудните реформи.