Рама: Албанија ќе бара раздвојување од Македонија во ЕУ
Албанија ќе побара од Европската унија да продолжи кандидатурата за членство одвоено од нејзиниот сосед Северна Македонија, која продолжува да се соочува со бугарско вето, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Северна Македонија и Албанија требаше да започнат преговори за членство со блокот на крајот на 2020 година, но Бугарија го блокираше отворањето на официјалните разговори поради спор околу историјата и јазикот со Северна Македонија. ЕУ ги групира двете земји заедно во нивната кандидатура за пристап. Говорејќи во Тирана, Рама рече дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го укине своето вето.
„Албанија не може повеќе да чека додека двајцата соседи не ја решат својата кавга“, рече Рама, додавајќи дека Албанија има добри односи со двете држави.
„Нашиот политички курс по ова прашање целосно ќе се промени“.
Рама ги даде овие коментари при претставувањето на националното истражување со повеќе од половина милион испитаници, кое покажа дека 67 отсто сакаат патот на членството на двете земји да се разликува.
Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела рече дека разговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија во ЕУ треба да започнат што е можно поскоро бидејќи секое одложување ќе го направи Западен Балкан ранлив на надворешно влијание.