Ракометарите на „Алкалоид“ ќе играат со италијански „Бриксен“ во осминафиналето на Европскиот куп
Ракометниот клуб „Алкалоид“ денеска го доби противникот за осмина финалето на Европскиот куп.
Избраниците на Кире Лазаров ќе играат со италијански „Бриксен“, а овој ривал дава надеж за позитивен резултат и пласман во следната фаза.
Италијанците ќе бидат домаќини на првиот натпревар против македонскиот претставник, а дуелите ќе се играат на 15/16, односно 22/23 февруари.