„Рајанер“ најавува големи промени: Пријавување онлајн, на аеродром ќе се наплаќа 55 евра


Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ воведува голема промена – целосно ги елиминира своите шалтери за пријавување, како дел од својата стратегија за премин кон исклучиво дигитален бизнис. Патниците ќе мора однапред да се пријават за својот лет преку интернет и да имаат дигитална или претходно испечатена карта за влез во авионот со себе, пишува MSN.

Новите правила стапуваат на сила во среда, 12 ноември.

Дигиталното пријавување станува задолжително
Според новите правила, сите патници мора да го завршат процесот на пријавување преку апликацијата на Рајанер или официјалната веб-страница пред да пристигнат на аеродромот. По пријавувањето преку интернет, тие мора да ја преземат картата за влез во авионот на својот мобилен телефон или да ја испечатат. Без една од овие две опции, влегувањето во авионот нема да биде можно на вообичаен начин.

Иако шалтерите за пријавување се укинуваат, патниците што патуваат со багаж сè уште ќе можат да ги користат шалтерите за самостојна достава на багажот (оставање багаж). Ова значи дека најавената промена се однесува само на процесот на пријавување на патниците, додека услугата за оставање багаж останува непроменета.

Високи казни за непочитување
Рајанер е познат по своите строги правила и високи такси, а новата дигитална политика не е исклучок. Патниците кои не се пријавуваат за својот лет преку интернет пред да пристигнат на аеродромот се соочуваат со такса од 55 евра по лице за пријавување на аеродромот.

Рајанер изјави дека овој потег, кој моментално се тестира на аеродромот во Даблин, е дизајниран да „го подобри искуството на клиентите и да постигне поголема оперативна ефикасност“. Целта е да се намалат редиците и да се забрза процесот на поминување низ аеродромот со охрабрување на патниците дигитално да ги завршат сите потребни дејствија пред нивното патување, објави Рајанер.