Работник во Загреб со секира уништил „ауди“, мислел дека е на шефот
Против работник на возраст од 44 години подигнато е обвинение, затоа што во Загреб со секирадемолирал автомобил „ауди А8“, а за кое мислел дека е во сопственост на неговиот шеф, јави Danica.hr.
Според обвинението, тој со секира со острица долга 20 см удирал по автомобилот, ги скршил стаклата, поанорамксиот покрив и го пробил лимот, од сите страни на возилото со што сторил казнанео дело против имот.
Обвинителите бараат 10 месеци казна затовр.
Работникот во полиција веднаш признал дека го сторил кривичното дело, затоа што наводно сопственикот на компанијата му должел повеќе плати кои не сека да му ги исплати.
Но, во текот на истрагата се потврдило дека работникот бесот го истурил на погрешен автомобил. Ова „ауди“ припаѓало на друг.