Путин официјално забрани геј бракови и посвојување деца


 

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша уставен амандман со кој во Русија формално се забрануваат истополови бракови.

Дефинирањето на бракот како заедница исклучително на маж и жена дел е од групата уставни реформи кои Русите ги изглацаа на 1 јули 2020 година. Од тој пакет кој го поддржаа дури 78 отсто од Русите најпозната е одредбата која на Путин му овозможува да се кандидира за уште два шестгодишни мандати и така до 2036 година да владее со Русија. Во устиот пакет уставни промени на Путин му е даден доживотен имунитет од казнен прогон.

На 5 април Путин офирцијално ги потпиша уставните амандмани и овозможи нивно стапување на сила.

Истополовите бракови веќе се илегални во Русија, па новата формулација во Уставот тоа дополнително се утврдува и ги отежнува шансите за истополови бракови некогаш да добијат шанса за равноправност со хетеросекусалните двојки.

Исто така, ова значи дека на ЛГБТ заедницата ѝ е забрането посвојување деца.

Ваквата одлука не е изненадување на путинова Русија, каде геј и квир заедницата се соочува со дискриминација и насилство, а позната е и забраната за „геј пропаганда“, со која се забранува дистрибуција на сè што се смета дека е про-ЛГБТ, и постои од 2003 година.

Пред националното гласање за уставните амандмани, за кои критичарите тврдат дека се наместени, прокрелљовската пропагандна група која ја водеа сојузниците на рускиот претседател објави оглас која прикажува сираче кое е посвоено од двајца татковици, кого потоа го облекуваат во фустанче и го шминкаат.

Огласот порачуваше: „Одлучете за иднината на земјата. Гласајте за измени на Уставот“.

Во време на гласањето, Алфонс Давид, претседател на Кампањата за човекови права, го опиша Путин како „закана за човековите права на сите“.

„Русија ги спречува своите напади на човековите права и достоинството на ЛГБТ лицата со додавање уставни забрани против еднаквоста во бракот“, рече тој додавајќи дека путиновата пропаганда е срамота, манипулативна и злонамерна.