„Путин е понижен“: Светскиот печат за бунтот на Вагнер


Светот вчера се тркаше да ги покрие настаните што брзо се одвиваа во Русија, при што многумина  се прашуваат што може да значи ова за рускиот претседател Владимир Путин.
Невообичаеното востание на платениците на Вагнер, кои се пресудни за воената машина на Путин во Украина, доминира во насловите ширум светот  доведувајќи ја во прашање моќта на рускиот претседател.

Весникот „Обсервер“ напиша: „Водачот на бунтовниците го запре напредувањето на тенковите,
Москва „ треба да го запре крвопролевањето“ покрај фотографија од тенкот на Вагнер во Ростов на Дон. На насловната е објавена и анализа на Лук Хардинг, во која тој вели дека бунтот,
предводен од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, го остава Путин во најслаба ситуација со децении.

„Билд“ во Германија излезе со наслов: „Востание против Путин“, покрај слики од борците на
Вагнер. Поднасловот гласи: „Обидот за државен удар во Русија и што значи тоа за нас“.
„Велт“ и „Шпигел“ на своите насловни страници зборуваат за „борба за власт“ во Русија.
„Њујорк тајмс“ објави анализа за тоа што покажува краткотрајниот немир.. Питер Бејкер ги забележа опасностите и можностите што таа нестабилност им ја носи на САД. Опасноста е дека рускиот претседателот е под закана кога е одговорен за нуклеарни проектили, а можност  е слабеењето на воените напори на Русија во корист на Украина.
„Вашингтон пост“ последните 24 часа ги дефинираше како најсериозна закана за
претседателството на Путин  „кое досега напредуваше на способноста на Путин да  разделува и освојува, спротивставувајќи ги ривалските фракции едни против други и служејќи како врховен арбитар меѓу завојуваните елити”. Во написот се вели и: „Повеќе од дведецениското автократско владеење заматено е расудувањето на Путин – и во однос на инвазијата на Украина и во погрешната проценка дали Пригожин може да биде закана“.

„Волстрит журнал“ објави дека војната во Украина „се сврте против Путин“. Изданието
ја забележа позицијата на Западот, која најдобро може да се опише како „остани настрана“  за да се избегне каква било навестување за заземање страна. Оценката  се однесува на
меморандум на Стејт департментот испратен до неговите странски мисии: „САД немаат намера да се мешаат во ова прашање“.

„Индипендент“ го испитува ефектот од немирите во Москва, каде што беа преземени
„антитерористички“ мерки, блокади на патиштата, а жителите се предупредуваа да останат  во затворени простории додека се приближуваше конвојот на Вагнер. Насловот на весникот гласи
„Бунт, хаос и паника на улиците на Москва“.

Институтот за проучување на војната (IWS) во извештајот од 24 јуни рече дека овој
договор на Путин со Пригожин е краткорочно решение кое „открива сериозни слабости во Кремљ и во руското Министерство за одбрана“.

„Оценките дека бунтот на Пригожин, одговорот на Кремљ и посредувањето на
Лукашенко беа исценирани од Кремљ се апсурдни“, пишува Институтот. „Кампањата на Вагнер ја покажа  деградацијата на руската војска која речиси целосно  е ангажирана во борбите во Украина, како и опасностите од потпирањето на неискусните регрути за заштита на руските граници“, додаваат од Институтот.

„Русија во моментов се соочува со длабока нестабилност, а договорот  постигнат со
Лукашенко не ја решава суштината на проблемот, а тоа е дека  има длабоки слабости во
внатрешна безбедност, кои веројатно се должат на тешките загуби во Украина“, порачуваат од Институтот.