Пуштена во употреба пешачко – велосипедската патека Петровец – Ржаничино


 

 
Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски денеска ја пушти во употреба пешачко – велосипедската патека која ги поврзува двете најголеми населени места во Општина Петровец, Петровец и Ржаничино.
 
Како што информираат од општинската прес-служба, на свеченоста присуствуваа претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратеничката во македонското Собрание Марија Петрушевска, претседателот на Совет на Општина Петровец Блаже Никчевски, советниците од Советот на Општина Петровец, како и голем број на претставници на бизнис секторот и жители од општината.
 
Пешачко – велосипедската патека е во должина од 2050 метри и ширина од три метри. Финансиските средства во износ од 23.000.000 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.