Пуштен за сообраќај влезот во Охрид, се отвора делницата од клучка „Петља“ до Подмоље


Денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид-Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај, информира СВР Охрид.

– Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга, се додава во соопштението од СВР Охрид.

Оттаму апелираат до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот.