Лукашенко потврди дека Пригожин стигнал во Белорусија, го сака во неговата армија
Основачот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин е во Белорусија, потврди претседателот Александар Лукашенко. Според договорот постигнат со посредство на Лукашенко во саботата со кој заврши бунтот на Вагнер, Пригожин треба да се пресели во Белорусија додека неговите луѓе добија избор да му се придружат или да бидат интегрирани во редовните вооружени сили на Русија.
Лукашенко рече дека неговиот министер за одбрана, Виктор Хреников, му рекол дека не му пречи да има единица како „Вагнер“ во белоруската армија и затоа му наложил да преговара со Пригожин за тоа прашање.
Локацијата на Пригожин беше непозната од саботата, кога тој и неговите единици се повлекоа од Ростов на Дон, откако „маршот на правдата“ преземен од Вагнер беше ненадејно запрен на околу 200 километри од Москва.