Пукање во Арачиново – повредено едно лице
МВР објави детали за синоќешното пукање во Арачиново, каде што застрелано лице беше хоспитализирано.
„Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога“, објави полицијата.
Полициски службеници пристигнаа на местото на настанот и констатираа дека околу 20 часот, Ќ.Д. бил повикан од едно лице да излезе пред вратата на неговата куќа, по што лицето испукало кон него.
На местото на инцидентот пронајдени се две чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.