Публиката пееше заедно со Папаризу, Еренер и Перели на Евросонг (видео + галерија)
Малме – Синоќа, Второто полуфинале на 68. Избор за песна на Евровизија, им понуди на гледачите дома единствена шанса да бидат дел од шоуто.
За време на „Најголемото пеење на светот“, за време на паузата, во Малме Арената, три евровизиски икони кои настапија на сцената и ги изведоа некои од најпознатите хитови на натпреварот низ годините.
Хелена Папаризу ја пееше нејзината победничка песна за Грција во 2005 година (My Number One), Сертаб Еренер ја изведе единствената песна која и донесе победа на Турција во 2003 година (Everyway That I Can), а Шарлот Перели ја донесе четвртата победа на Шведска на Евровизија од 1999 година ( Take Me To Your Heaven). (Фото: ЕБУ)
Ви ја пренесуваме магичната ноќ со трите музички икони низ фотографии: