Првата дама Ѓоргиевска на „Охридско лето“ во тоалета како омаж на охридските мајстори на филигранот


Вечерна тоалета од свилен муслин во боја на шумски плодови како омаж на охридските мајстори на филигранот, како наше драгоцено културно наследство, избра првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска за отворањето на 62. Охридско лето што синоќа се отвори под покровителство на претседателот Пендаровски.

 

Во услови на голем  број на публика од земјата и регионот и високи гости од дипломатскиот кор , Ѓоргиевска пак блесна ненаметливо, достоинствено, елегантно, во дизајн на Лидија Георгиева кој беше посебен дизајнерски и занаетчиски предизвик, со акцент на одржливата мода.

 

– За отворањето на фестивалот Охридско лето, овој пат решивме за завземеме став во насока на одржливата мода. Фустанот беше изработен за дипломатскиот новогодишен прием пред две години, а го одбравме за Охридско лето бидејќи дизајнот е омаж на охридските мајстори на филигранот, како наше драгоцено културно наследство. Централната нарација е детал од листови изработени рачно  во филигранска техника. Со елегантен крој, изработката беше доверена на локалните мајстори, секако во правец на поддршка на домашните занаети, изјави за „Независен“ Георгиева, професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и  реномирана модна дизајнерка, со богато модно портфолио кое го има создавано меѓу Париз и Скопје. (Л.С.)