Прв случај на корона: Најдобрата машка двојка на светот исфрлена од Ролан Гарос


Париз– Најдобрата машка тениска двојка на светот, Хрватите Мате Павиќ и Никола Мектиќ, добија позитивни тестови на коронавирус и со тоа завршни нивниот настап на Ролан Гарос, пренесуваат светските медиуми.

Павиќ и Мектиќ пристигнаа во Париз во одлична форма и беа меѓу фаворитите за освојувањето на титулата на вториот Грен слем турнир оваа сезоната.

Хрватските тенисери на стартот на Отвореното првенство на Франција, требаше да се сретнат со Фелисијана Лопез и Хауме Мунар од Шпанија.