Прв случај на британската варијанта на корона вирус во САД
Американските власти синоќа соопштија за првиот забележан случај на зараза од многу попреносливата мутација на новиот коронавирус што се појави во Велика Британија.
Случајот е забележан во сојузната држава Колорадо.
-Денеска во Колоради го откривме првиот случај на Ковид-19, варијанта Б.1.1.7, истата онааа откриена во Обединетото Кралство, истакна синоќа во порака на Твитер Џаред Полис, гувернер на Колорадо.
Додаде дека здравјето и безбедноста на граѓаните е врвен приоритет, и дека „властите блиску го следат случајот и сите други Ковид-19 индикации“.
Мутацијата е забележана кај маж на возраст во своите 20-ти години, кој сега се наоѓа во изолација во округот Елберт. Се дознава дека инфицираниот немал историја на патувања во последно време.
Според здравствени експерти, британската варијанта на вирусот најверојатно не е посмртоносна од претходно идентификуваните варијанти.
Многу земји ги забранија летовите од Велика Британија, авиопревозници што летат од Лондон во САД, сега ги тестираат патниците, а позитивните ги враќаат назад.
Според Јавното здравство на Англија, првичните анализи покажале дека оваа варијнта можеби е попренослива, но дека нема докази од поголем ризик за хоспитализација или смрт.