Прв пат во 200 години – шахот има двајца светски шампиони (видео)


За прв пат во повеќе од 100-годишната историја на шаховските натпреварувања на ФИДЕ, светот ќе има двајца светски шампиони.

Тоа ќе бидат Норвежанецот Магнус Карлсен и Русинот Јан Непомњаски кои испишаа историја, бидејќи исходот од Њујорк досега не е виден во историјата на шахот.

Карлсен и Непомњаски во финалето одиграа седум натпревари по ред – првите два ги доби Норвежанецот, вторите два Русинот, а потоа имаше и три нерешени.

Беше одлучено да се направи преседан и да се сподели првото место за прв пат досега.

„Веќе игравме многу долго. Мислам дека ова е разумна одлука“, изјави Карлсен по финалето.

Овој исход донесе многу контроверзии, бидејќи Карлсен по втор пат во една недела го покажа својот авторитет над ФИДЕ, откако претходно „победи“ во битката за „поудобно“ облекување и носење фармерки.

Критиките беа упатени од Ханс Ниман, еден од најголемите критичари на Карлсен, кој верува дека светскиот шах е контролиран од еден човек.

“Светскиот шах официјално стана шега. Ова никогаш не било направено во историјата. Не можам да верувам дека сите официјални одлуки во шахот ги контролира еден човек, а по втор пат оваа недела. Може да има само еден светски шампион “, рече Ниман.