Прв фестивал на улична храна во Скопје


Како секоја светска метропола, така и нашиот главен град добива свој препознатлив фестивал на улична храна.

Skopje Street Food Festival ќе се одржува за прв пат од 14.06 до 18.06.2023 во центарот на градот, односно на паркингот на „Театар Комедија“, со почеток во 17 часот за време на работната недела и во 13 часот за време на викендот.

Skopje Street Food Festival ги собра сите најдобри ресторани и бистроа за улична храна во Скопје на едно место и со тоа ви овозможува да уживате во прекрани ароми и богати вкусови кои ќе ве одведат на незаборавна кулинарска авантура низ светот. Од наjвкусните италијански пици и паста, до мексикански такоси, американски бургери и многу други, откријте ги овие скриени богатства и иновативни креации на храна од кои ќе посакате залче повеќе.

За максимално уживање, фестивалот ќе биде збогатен и со музичка програма каде ќе имате можност да ги слушнете бендовите Session Selection, Day Off – The next Generation и In the Mood, како и специјалниот гостин, германско- америчкиот DJ и продуцент DJ Pari и нашите DJи Bojan Chakra и Double G.

Уште едно изненадување е отворената интерактивна работилница на FJ Culinary School за изработка на традиционален македонски колбас со домашни првокласни состојки, која ќе се одржи на 16.06.2023, Сабота во 11 часот.

Влезот е бесплатен.