Протестот на Студентскиот пленум не е отворен за новинари


Студенскиот пленум кој беше најавен во 13 часот пред платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се пренасочува во аулата на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Од Студенскиот пленум порачаа дека протестот не е отворен за новинари и доколку се настојува од страна на новинските екипи да го снимаат, ќе го бојкотираат.

Еден од организаторите на настанот со разглас излезе пред платото на Универзитетот и упати апел кон медиумите да го напуштат настанот и нагласи дека пленумот ќе се одржи зад затворени врати без присуство на новинари.

Од тоа што може да се забележи, бројноста на студентите кои го поддржуваат овој пленум е мала, пренесе „Локално“.