Протест за пресудите од судскиот процес „Монструм“


Фото: Б. Грданоски

Семејствата на осудените за петкратното убиство кај Смилковското Езеро со извикување „УЧК“ и големо албанско знаме пристигнаа пред Владата денеска околу 15 часот.

Тие тргнаа од паркот во Чаир, а кордон полиција не им дозволи на демонстрантите да се приближат до судскиот комплекс, поради што тие скршнаа десно кон Владата. На заштитната ограда, поставена од полицијата, се поставија транспаренти со пораки дека во земјава нема правда, со фотографии на обвинителката Фатиме Фетаи, шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Фото: Б. Грданоски

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во „Монструм” ги повика граѓаните да го кренат гласот против, како што вели, неправдата во Македонија и драконските казни кои им се изрекуваат на Албанците не само во овој судски предмет, туку и во други, според него, монтирани судски процеси.

Фото: Б. Грданоски

Ова е трет протест за пресудите по процесот за „Монструм“. Претходниот заврши со насилство и напади врз полицијата која не им дозволи пристап кон судскиот комплекст и со полициски кордон маршот беше запрен пред крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка”.

Десетина полицајци беа повредени, а потоа беа поднесени кривични пријави против неколкумина учесници кои ги започнаа насилните напади врз силите за безбедност. Дел од нив се и осудени на затоврски казни.

Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, во повтореното судење, се осудени за убиство на петтемина кај Смилковското Езеро на доживотна казна затвор. Хаки Азири добиединствена казна од девет години затвор. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а з Сами Љута обвинението е отфрлено.