Протест за Џетула Ќерими кој почина во затвор
Во петок во Скопје ќе се организира протестен марш за покојниот Реџаил Ќерими, обвинет во случајот „Алфа“. Протестот ќе започне на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, а се очекува да заврши пред канцеларијата на Европската Унија.
“Почитувани сонародници, ве известуваме дека во петок ќе се собереме на плоштадот „Скендербег“ каде ќе го започнеме маршот во чест на Реџаил Ќерими и ќе побараме меѓународна истрага во канцелариите на ЕУ за сомнителнтаа смрт“, пишува братот на починатиот Џетула Ќерими.
Тој ги повикува сите Албанци да се приклучат на протестот за да побараат меѓународни истраги за сите други политички монтирани случаи.