Протест пред тетовскиот суд за модуларната болница
Во меѓувреме продолжија обвинувањата за модуларните болници помеѓу актуелниот и екс министерот за здравство. Беким Сали и денеска тврдеше дека Фатмир Меџити извршил исплата на Брако за модуларните болници, што вториот го негираше.
– Сали не само што не го раскинал договорот со фирмата туку со тоа што одобрил исплата, а потоа не плаќал, генерирал долг и камата од 200.000 евра, за што најави дека Министерството за здравство можно е да покрене и постапка против ексминистерот. Реакција имаше и од партијата на Билал Касами од каде обвинија за скандалозни одлуки на правосудниот систем и побараа да се осудат и да не се кријат вистинските виновници.
Во пожарот во Тетово што се случи на осми септември 2021 година животот го изгубија 14 луѓе.
Судот во Тетово ги осуди за кривичното дело тешки дела против општата сигурност ги осуди директорите на болницата, Флорин Бесими и Артан Етеми. Тие добија затворски казни од една година и шест месеци со услов во наредните три години да не го повторат делото. Докторот Бобан Вучевски кој се товареше за непостапување по здравствени прописи во време на епидемија доби ослободителна осуда, додека тетовската болница како правно лице и беше изречена парична казна од еден милион денари.