Просечната плата во август 28.642 денари, за 4 отсто повисока од истиот месец лани
Просечната исплатена нето-плата по вработен во август годинава изнесувала 28.642 денари и е за 4 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемување се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,4 отсто) и Други услужни дејности (12,6 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (5,5 отсто), Уметност, забава и рекреација (3,6 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,1 отсто).
Просечната бруто-плата во август 2021 година, пак, изнесувала 42.776 денари.