Пропадна „последниот танц“ на Меси и Роналдо


Очекуваната и најавената пресметка меѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо на фудбалскиот терен не се случи.
Натпреварот на Интер Мајами против Ал-Наср во Ријад, можеби последна шанса за повеќекратните освојувачи на Златната топка, Лео Меси и Кристијано Роналдо да се соочат на теренот, се одржа практично без двете ѕвезди.

Лионел Меси го зазеде местото на клупата за резервни играчи во пријателскиот натпревар и влезе дури во 83. минута, додека Кристијано Роналдо го пропушти натпреварот поради повреда на тетивата.
Саудијците беа многу подобар тим и победија со дури 6:0. Бразилецот Талиска беше трикратен стрелец, а Марсело Брозовиќ го постави првиот гол на натпреварот за Португалецот Отави.

Инаку, Меси го започна натпреварот против Ал-Хилал на Нејмар во понеделникот, реализирајќи пенал во 54. минута, пред да биде заменет на две минути до крајот кога Интер заостана со 4-3.

Аргентинецот наводно почувствувал непријатност во тетивата. Ал-Наср минатата недела ја откажа турнејата во Кина со два натпревари поради повредата на Роналдо.

Роналдо и Меси одиграа 37 натпревари еден против друг, последен пат во јануари минатата година, исто така во Ријад.

Меси потоа играше за ПСЖ и постигна еден гол во победата на неговиот тим од 5:4, против еден вид ол-стар тим од саудиската лига, за кој Роналдо беше двоен стрелец.

И покрај тоа што навивачите не го добија она на што се надеваа, односно, не ја добија пресметката помеѓу Кристијано Роналдо и Лео Меси на теренот, на пријателскиот натпревар меѓу нивните тимови Ал Наср и Интер Мајами гледачите имаа што да видат.

Најубавиот момент му припаѓа на шпанскиот претставник и до неодамна член на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорте.

Тој во 12. минута од натпреварот постигна гол за 3:0, а не каков било гол. Откако Интер направи прекршок во половината на саудискиот тим, Лапорте притрча кон топката, гледајќи дека голманот не се врати на посакуваната позиција и упати спектакуларен удар од околу 70 метри.

Интер веќе губеше со 3:0 во 12. минута, а до крајот агонијата само се зголемуваше.

Спектакуларниот гол на Лапорте погледнете го ТУКА.