Пронајдено беживотно тело во сепарација во Гази Баба

Вчераутро, околу 7.20 часот во СВР Скопје, С.Д.(21) од Скопје пријавил дека околу 5.30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил заедно со А.Н. и Ф.Н., забележале безживотно тело во водите на сепарацијата.
Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги насилство, а телото било извадено и предадено на Судска медицина за понатамошна постапка. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.