Пронајдена дрога, приведени двајца дилери


Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 14.40 часот во Струмица, ги лишиле од слобода В.Љ.(37) и З.Ч.(34), двајцата од Штип.

Како што денеска соопштија од МВР, при преглед во возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Љ., а сопатник бил З.Ч., била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.