Промоција на новата книга „Џабе живиш у Скопје“ на Зоран Спасов-Ѕоф


Новата книга „Џабе живиш у Скопје“ од Зоран Спасов Ѕоф ќе биде промовирана вечерва, во 20 часот, во „Интермецо“., во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Како гости на промоцијата се најавени Игор Џамбазов, Бранко (Миле Паника) Огњановски и Сашо Мацановски – Трендо. 

Авторот, претходно ги промовираше хит-книгите „Торонто експрес“ и „Тито, мојот претпоследен херој“ (2020). „Торонто експрес“ беше ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“ (2009). Автор е и на книгата„Некогаш, некаде“ (2012).

Паралелно со книгата „Торонто експрес“ се одржа премиерата на театарската претстава „Торонто експрес“, во Македонскиот народен театар. Претставата, која е базирана на книгата, беше во режија на Јордан Симонов, а главната улога ја толкуваше Александар Микиќ. Т

Зоран Спасов Ѕоф е основач на Фондацијата „Македоника“, чија цел е зачувување, негување и промовирање на македонските јазик и култура. Преку Фондацијата, на интернет-страницата www.makedonika.mk има споделено повеќе од 2.000 бесплатни е-книги. Oсновач e на првиот приватен весник во Македонија „Огласник M“, на првиот и единствен таблоид „MExpress“. Бил продуцент на популарното ТВ-шоу „Џандар збира“, а во 1995 година е избран за менаџер на годината во полето на културата.