Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, вечерва, во 20 часот, ќе се одржи промоција на поетската книга „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на наградата ,,Браќа Миладиновци’’ за 2022 година, што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата.

За наградената книга ќе зборува Марија Ѓорѓиева, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо – американска литература. Автор е на осум поетски книги и приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик.

За своето творештво ги има добиено наградите Студентски збор, Браќа Миладиновци и престижното меѓународно признание Ѓакомо Леопарди во Италија.