Промоција на германското издание на „Одбројување“ Пармаковска на Саемот во Лајпциг
На 21. 3. 2026 (сабота) на Самот на книга во Лајпциг ќе се одржи промоција на германското издание на романот „Одбројување“ од Фросина Пармаковска, што неодамна го објави издавачот ETA Verlag од Берлин. Настанот е во организација на европската мрежа за литература и книги ТРАДУКИ а разговорот со авторката и преведувачот на книгата Бенјамин Лангер ќе го води германскиот новинар Ерик Мар.

Романот „Одбројување“ во издание на Или-Или е добитник на наградата Роман на годината за 2017 година и досега има 3 изданија.
Фросина Пармаковска е родена во Скопје, 1985 г. Дипломирала на Филолошки факултет, катедра за Општа и компаративна книжевност. Магистрирала на Институт за македонска литература, на Културолошки студии. Авторка е на романите:Пишувајќи ги изгубените топки, Вишнова хроника, Одбројување (Роман на годината 2017), На враќање, Сè уште можам нешто да сторам (Рациново признание 2024) и Кривата Дијана (награда Пегаз 2025).