Промоција на „Девет насоки од Тим 40”
Стопанската комора на Северна Македонија следејќи го концептот на примена на нови алатки за успешни бизниси, денеска ќе промовира „Девет насоки од Тим 40”.
Преку Асоцијацијата на млади претприемачи-ТИМ 40 при Комората, ќе бидат презентирани и образложени девет општи идеи за подобрување на моменталната состојба за компаниите и даночните обврзници и за подобрување на живеењето во државата, соопшти Стопанска комора.
Темата ќе бидат основ за дебатирање со членките на ТИМ 40. Обраќања на промоцијата ќе имаат претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и претседателот на ТИМ 40, Жарко Димитриоски.