Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во првите денови од следната седмица.