Проект на Општина Центар за рециклирање на пластични шишиња и лименки


 
 

Советот на Општина Центар на последната 59-та седница донесе Одлука за доделување субвенции на јавното претпријатие „ПОЦ“ за заедничкиот проект „И отпадот има вредност“!.

Проектот „И отпадот има вредност!“ за прв пат досега, им овозможува на жителите на Општина Центар да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки на повратните вендинг машини, за што ќе добиваат субвенции од општината кои ќе бидат префрлени на платежната картичка GreenPay.

Се работи за нова картичка која ќе ја замени постоечката М-карта и ќе овозможи многу повеќе поволности. Освен најава на гости, со GreenPay картичката жителите ќе имаат можност да учествуваат во процесот на рециклирање и да пазарат со попусти во зелената мрежа на локали кои се приклучија во овој проект – маркети, ресторани, кафеани, кафулиња и бутици. До сега, оваа мрежа вклучува повеќе од 30 локали кои ќе овозможат попусти, а поради големиот интерес, зелената мрежа секојдневно ќе се проширува. Дополнителна поволност на оваа картичка е можноста за префрлање на средства од други платежни картички.

За секое рециклирано пластично шише или лименка од 0,25 до 0,75 литри жителите ќе добиваат 0,5 денари, за шише од 1 до 1,75 литри добиваат 1 денар, а за шише од 2 до 2,25 литри, 1,5 денари.

Средствата за субвенционирање се обезбедени од Буџетот на Општина Центар за 2021-ва година, од Програмата за комунални дејности, ставка – Субвенции за јавни комунални претпријатија. Субвенциите ќе бидат искористени за зголемување на капацитетите на пластикоматите во проектот на ЈП „ПОЦ“ и Општина Центар – „И отпадот има вредност!“.