Продолжува реконструкцијата на патниот правец Муртино – Банско


Деновиве продолжи реконструкцијата и проширување на патниот правец Муртино-Банско во должина од еден километар.

Градоначалникот Костадин Костадинов информираше дека патната инфраструктура е многу значаен елемент во севкупниот развој на општина Струмица, особено за населените места.

-Овој е еден од пофреквентните патни правци, заради земјоделските, економските и туристичките потенцијали во овој крај, но со недоволната ширина на коловозот беше небезбеден за учесниците во сообраќајот и заради тоа беше меѓу нашите патни инфраструктурни приоритети, изјави градоначалникот Костадинов.

Зафатот на овој патен правец е продолжување на реконструкицјата на патот меѓу селата Робово и Муртино која почна лани во септември и е целосно завршена и беше прва реконструкција од 1974 година кога е изграден овој патен правец.