Продажбата на секси играчки во Данска двојно се зголеми со мерките за корона вирус


Продажбата на секси играчки во Данска повеќе од двојно е зголемена откако на сила се мерките за сузбивање на ширењето на корона вирусот, покажуваат податоците од Синфул, најголемиот снабдувајќи со секси играчки во нордиските земји.
Според компанијата, во првите шест дена од април продажбата во Данска скокнала за 110 отсто споредено со истиот период лани.
Оваа споредба изнесува 121 отсто во Норвешка, а 78 отсто во Шведска.
„Има исклучително голем интерес за секси играчките за двојки“, вели основачот на фирмата Матидле Маковски. „Особено нашите мулти-дневни секс предизвици се многу популарни, и се најпродавани во моментов“.
Продуктите како „Десетдневни љубовни предизвици“ или „4 недели задоволство“, содржат различна играчка во различна кутија наменета за секој ден.
Таа е задоволна што нејзиниот бизнис им помага на луѓето во овие тешки времиња на изолација и ограничено движење.
„Мислам дека ни требаат повеќе позитивни вибрации во животот и повеќе забава. Треба да се почувствуваме еден со друг на повисоко ниво од нормалното“, додава таа.
Нејзината фирма во нормални услови продава по 1.500 пакувања онлајн на корисниците во нордиските земји. Во првите денови на април продажбата се удвои.