Пробиен булеварот „Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци
Во Кавадарци е пробиен булеварот „Вељко Влаховиќ“ и извршено е спојување со „Западен булевар“, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Извршено е тампонирање на булеварот и во следна фаза ќе се постават водоводна, канализациска и атмосферска мрежа, целосно асфалтирање на булеварот со осветлување и тротоари во должина од 180 метри. Овој проект е комплетна инвестиција на Општина Кавадарци во висина од шест милиони денари и површина од 4.900 квадратни метри, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека изведувач на работите на терен е фирмата Градба промет.